Во Занаетчискиот дом вчеравечер беа изведени песнички од традиционалниот концерт „Мали, но големи пејачи”, чие што премиерно издание се одржа на 16 мај годинава во НУЦК „Трајко Прокопиев” – Куманово. На сцената настапија распеаните мали пејачи на познати детски хитови и популарни музички рефрени за сите генерации, во чест на празникот 11 Ноември. Манифестацијата е во организација на Асоцијацијата за култура и уметност „МУЛТИ АРТ” – Куманово, со поддршка на Општината и Фондацијата за култура и спорт Куманово, посветена на детскиот талент, креативноста и љубовта кон татковината.