Министерството за внатрешни работи соопшти дека изминатиот викенд, односно во саботата вечерта, на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје, автомобил со кумановски регистарски ознаки, управуван од Ф.Б.(28) од село Лопате, кумановско, удрил во 15-годишна малолетничка од Скопје.
Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, соопшти полицијата.
Извршен бил увид, соопшти МВР.