„Матурска рапсодија“ – ревија на матурски фустани

„Матурска рапсодија“ е името на модната ревија на матурски фустани што ќе се одржи во среда со почеток во 20 часот во лапидариумот на Музеј Куманово.

Авторката м-р Анита Стојчевски ќе ги прикаже модните трендови на матурските фустани и културата на живеење од 60-ите години на минатиот век па се до денешната современост.

Проектот е финансиран од Министерството за култура, а влезот за сите заинтересирани граѓани е слободен.

Коментари

коментар(и)