МВР доби донација од САД

-Уште една важна и вредна донација од 1.061.000 американски долари – целосно опремување со вкупно 593 камери на сите Сектори за внатрешни работи, односно на Единиците за безбедност на сообраќајот и Одделот за гранични работи – проект на ИЦИТАП програмата на Одделот за правда на Владата на нашите пријатели Соединетите Американски Држави, објави на ФБ министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Денеска, во просториите на Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај во Петровец, а на моја особена чест, заедно со г. Ерик Мејер, вршител на работите во Амбасадата на САД во РСМ, и г. Карл Рејшам, полициско аташе за ИЦИТАП Програмата при Одделот за правда на САД, го заокруживме проектот ,,Мобилен систем за снимање со камери”, кои ќе ги користат полициските службеници што вршат контрола и регулирање на сообраќајот.

-Дозволете ми во оваа прилика уште еднаш во свое и во име на МВР да им се заблагодарам на нашите докажани пријатели Владата на САД и амбасадата на САД во РСМ за нивното конзистентно и цврсто партнерство во реформирањето и развојот на македонската полиција како еден од клучните сегменти во унапредувањето на националната, но и регионалната и глобална безбедност, напиша Спасовски.

 

Коментари

коментар(и)