Сите дојави за наводно поставени бомби во средни училишта во Скопје се лажни, информира Министерството за внатрешни работи.
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од десет училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, се вели во соопштението.