Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на новогодишната ноќ во Куманово имало неколку повредени, но и приведени лица во полицијата.
Деветнаесетгодишник бил приведен откако пред влез на угостителски објект заедно со негогвиот брат нападнале момче на возраст од 19 години. Во друг случај, бил нападнат 69- годишен такси возач од лицето кое што го превезувал како патник.
Дваесет и седумгодишник бил приведен под сомнение дека нападнал малолетници, а потоа се однесувал агресивно кон полициски службеници.
Полицијата информира и за тепачка пред угостителски објект меѓу две лица, од кои едното било малолетно.
Во кумановската болница со повреди бил донесен 34-годишен кумановец, откако бил нападнат од три лица во село Долно Којнаре.
Во сите случаи од страна на полицијата се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.