МВР: Пожарот настанал од употреба на пиротехнички средства
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција кажа дека кочанската дискотека „Пулс“ немала лиценца за работа, а работела во објект наменет за лесна индустрија.
„Утврдено е дека правното лице што ја работело дискотеката нема лиценца за работа. Сопственикот на дискотеката „Пулс“ при контрола на надлежните органи на 13 март 2024 година приложил фалсификувана лиценца. Таа е издадена од Министерството за економија и во регистерот оваа дискотека нема важечка лиценца“, кажа Тошковски.