Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера по 16 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 55-годишен кумановец.
-При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, остри предмети, пушка, куршуми и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава – информира МВР.