МВР: Распишана е потрага по жената од кумановско Челопек

60 -годишната Стојанка од селото Челопек за која се претпоставуваше дека изгорела во пожарот кој ја зафатил куќата во која живеела, се уште не е пронајдена. Министерството за внатрешни работи денеска информира дека согласно законските прописи постапуваат по насока на Јавен обвинител, па во координација со Јавен обвинител од ОЈО Куманово, полициски службеници извршиле детален увид на местото на опожарената куќа во Старо Нагоричане.

-Откако не се пронајдени остатоци кои укажуваат на опожарено лице, распишана е потрага по лицето, по која веќе се постапува од страна на Отсекот за потраги, велат од МВР.

Коментари

коментар(и)