МВР: Санкционирани над шестотини возачи во земјава

Во периодот од 20.06.2022 до 26.06.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 637 возачи. Од нив, 418 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 115 возеле без возачка дозвола, 17 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Коментари

коментар(и)