МВР: Санкционирани 302 возачи во Македонија

Во периодот од 29.08 ДО 04.09.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 302 возачи,соопшти МВР. Од нив, 194 не користеле заштитна кацига за време на возење, 62 возеле без возачка дозвола, шест мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Коментари

коментар(и)