МВР санкционираше двеста возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 199 возачи. Од нив, 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 108 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 91 надвор од населено место.

Коментари

коментар(и)