Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Центарот за обука на МВР во Идризово официјално го отвори Мултимедијалниот центар за обука на МВР реализиран во рамки на проектот „Градење на хибриден образовен систем во Министерството за внатрешни работи на Македонија“.
„Проектот се имплементира од 2021 година низ повеќефазен пристап, со цел да се создаде одржлив хибриден образовен систем во МВР, во рамки на кој дваесет и три хибридни обучувачи, избрани преку постапка заснована на заслуги, поминаа низ програма за хибридни обуки од 10 модули, учејќи како да користат современи алатки за создавање и испорачување на обуки онлајн, на лице место и комбинирано. Девет теми односно обуки беа воспоставени како најпотребни и, оттогаш, хибридните обучувачи континуирано работат во тимови за да создадат сеопфатни, интерактивни обуки за секоја тема како што се: полициски интегритет, родово сензитивно полициско работење, гранично полициско работење, управување со стрес, полициско работење во заедницата, освежување на вештините за обучувачи, комуникациски вештини и финализирање на активностите преку основањето на Мултимедијалниот центар.“, потенцираше министерот Тошковски.