МВР: 199 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (07.03.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 199 возачи. Од нив, 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 79 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 120 надвор од населено место.

Коментари

коментар(и)