МВР: 217 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (10.04.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 217 возачи. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 132 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 85 надвор од населено место, соопшти МВР.

Коментари

коментар(и)