МВР: 231 санкции за брзо возење

МВР во текот на вчерашниот ден (16.02.2022) спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 231 возачи.

Од нив, седум возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 143 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 88 надвор од населено место.

Коментари

коментар(и)