МВР: 449 прекршоци во државата за не носење маска

Министерството за внатрешни работи информира дека од вчеравечер од 23.00 часот  до 05.00 часот  утрово констатирано е дека 15 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (10/11.05.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 449 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

Коментари

коментар(и)