МВР: 48 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, двајца приведени

Во текот на вчерашниот ден (23.02.2023) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, преглед на средношколци пред влегување во училишта, угостителски објекти и игри на среќа во непосредна близина на училиштата. При контролата констатирани се три кривични дела. При преглед на патничко моторно возило Пежо со винички регистарски ознаки кај двајца граѓани од Виница биле пронајдени марихуана и таблети. Лицата се лишени од слобода и задржани за понатамошна постапка. Констатирано е и едно кривично дело по член 284-а бидејќи 50-годишен жител на Дебар возел такси возило без лиценца.
При контролата санкционирани се 48 возачи поради сторени сообраќајни прекршоци, од кои 12 за возење без возачка дозвола…

Коментари

коментар(и)