МВР: 74 возачи санкционирани заради пребрзо возење

Седумдесетина возачи во текот на вчерашниот ден биле казнети на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово поради возење со брзина над дозволената.

МВР информира дека вчера во периодот од 15 до 20 часот полициски службеници од СВР Куманово спровеле засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територијата на СВР Куманово, при што санкционирани се 74 возачи.

Засилените сообраќајни контроли, велат оттаму, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на полицијата.

Коментари

коментар(и)