Минимална разлика во поени, доволна за Куманово над МЗТ

Првиот натпревар во 13. коло донесе возбудлив натпревар во Аеродром каде Куманово успеа да слави над МЗТ 2 со минимални 67-68 во неизвесна завршница. Избраниците на Даскаловски имаат за што да жалат, бидејќи големиот број на промашени слободни фрлања (12/23), меѓу кои и две во последните напади на средбата, беа пресудни за најмладиот состав во лигата. Предводник на Куманово со 18 поени и 7 скока беше Бранислав Џекиќ, Отис Ливингстон додаде 15 поени и 7 асистенции, додека како двоцифрени со 13 поени, односно 10 поени и 7 скока средбата ја завршија и Робев и Глигоријевиќ.

Коментари

коментар(и)