Министрите Тошковски и Дачиќ ја промовираа кампањата „Вози одморен“

Во рамките на кампањата „Вози одморен“ министрите за внатрешни работи на Македонија и Србија,  Панче Тошковски и Ивица Дачиќ денеска напладне  го посетија граничниот премин Табановце. Воедно, Тошковски јавно се заблагодари на својот колега за помошта која ја доби нашата држава од Србија во гаснењето шумски пожари.

„Еден од основните приоритети на новата Влада особено во рамки на МВР е интегриран систем на гранично управување во рамки на коишто освен граничен надзор влегува и граничен премин, така што реформа, реорганизација, дигитализација во овој дел секако дека ќе претставува еден од приоритетите на МВР. Апсолутно е дека ќе сториме се’ кое што е во наша надлежност и во наша моќ да можеме да ги осовремениме граничните премини и да го убрзаме протокот на возила помеѓу нашите две пријателски земји“, изјави Тошковски.

По настанот, министерот Тошковски замина во дводневна официјална посета на Република Србија каде што ќе оствари билатерална средба со српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

Коментари

коментар(и)