Младите од ВМРО-ДПМНЕ пошумуваа на кеј

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово викендов засади десетици украсни грмушки, листопадни и зимзелени дрвца.

-Со ова, не само што сакаме да придонесеме во разубавување, во овој случај на градскиот Кеј, туку сакаме и да потикнеме други групи или организации да се вклучат и направат нешто слично и се надеваме дека во блиска иднина ќе добиеме уште поубава слика покрај реката-истакнаа од партијата.