Младите од ВМРО-ДПМНЕ со турнир по повод 23-ти Октомври

По повод 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, организираше турнир во футсал, кој претставува и возобновување на традиционалниот турнир.

Младите од ВМРО-ДПМНЕ нагласувааат дека во наредните години ќе работат на омасовување на овој настан.
По одиграните меѓусебни дуели првото место на турнирот го освои екипата на УМС.
-Честит празник, за многу години-велат од партијата.

Коментари

коментар(и)