Со монодрамата „Прво лице еднина“, актерката Владанка Крстевски од Tеатар Куманово на трети октомври годинава ќе настапи на Интернационалниот фестивал за монодрама и камерни игри во Хановер, Германија. Монодрамата е авторски проект на Владанка Крстевски, работена заедно со режисерката Драгана Гунин.
„Претставата премиерно е изведена во 2019-та годин. „Прво лице еднина“ зборува за животната борба, не само на жената како движечка сила во едно општество, туку генерално на секој човек колку треба да се бори за да ги постигне овие цели“, вели Крстевски.
Во монодрамата, Владанка Крстевски создава цела серија женски портрети на сцена. Воедно, претставата е интерактивна и „жива“ од реакциите на публиката.