Монодрама „Последната ноќ на Јустинијан Први”

Во Занаетчискиот дом  вчеравечер беше изведена монодрамата „Последната ноќ на Јустинијан Први”, во рамки на одбележувањето на 1540 години од раѓањето на големиот римски император, кој е од македонско потекло, роден во с.Таор (во близина на Скопје).
Пред публиката настапи артистот Петар Темелковски, на текст од истакнатиот македонски поет, драматург и романсиер, Јордан Плевнеш.

Културната манифестација е организирана со поддршка на Општината и Фондацијата за култура и спорт – Куманово.

Коментари

коментар(и)