МРК Куманово утре ја започнува новата сезона со натпревар во Скопје

Машкиот ракометен клуб Куманово утре ја започнува новата сезона. Дуелот од првото коло на македонското ракометно првенство, МРК Куманово го игра против РК Бутел во Скопје.

„Новата сезона започнува веќе утре, за разлика од претходните сезони оваа сезона ќе биде доста посилна. Супер лигата е скратена на 12 екипи, сите екипи се максимално квалитетни и навистина не очекува една тешка сезона и борба. Успеавме да задржиме дел од играчите кои што лани го изнесоа целиот товар, поискусни играчи, донесовме неколку млади играчи кои што ќе треба да дадат еден дополнителен квалитет и нов импулс на екипата, добро се подготвивме во подготвителниот период и мислам дека ќе имаме добра сезона. Првиот натпревар е утре, гостуваме во Бутел, Скопје, наредниот натпревар е дома, ќе играме со Прилеп, дерби натпревар, очекувам поволен исход за нашата екипа. Би сакал да упатам еден апел до кумановската публика, навистина оваа година ќе имаат можност да гледаат врвен ракомет, се надевам на полна сала и на поддршка од нашата публика“, изјави Љубиша Димковски, тренер на МРК Куманово

Ракометниот клуб МРК Куманово пред неколку дена го освои шестото место на меморијалниот ракометен турнир „ Миле Нешковски” во Прилеп откако на мечот во натпреварот за пласман на 5-то место, кумановскиот тим беше поразен од домаќинот РК Прилеп со конечни 30-26.

„Овие пријателски средби во Прилеп беа последна проверка за нашиот тим пред стартот на новата сезона во машкиот ракометен шампионат“, велат од клубот.

 

Коментари

коментар(и)