МТСП: Во тек е етапната исплата на пензиите

Министерството за труд и социјална политика известува дека денеска започна етапната исплата на септемвриските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши денеска, за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши утре, за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши в четврток и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.10.2021 година односно (петок).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат  од денеска. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкоматите.

Коментари

коментар(и)