Музички инструменти, девизи, облека – запленети на ГП Табановце

Музички инструменти, аудио опрема и друга електроника се запленети во три случаи на влез во државата на граничните премини Табановце и Меѓународен Аеродром Скопје, откако царински службеници и мобилен тим ги открија во возила со кои македонски и странски државјани се обиделе да ги криумчарат. Запленетата стока е со проценета вредност од 736 илјади денари.

Царински службеници на граничен премин Табановце во два случаи спречија обиди за нелегален внес на девизи во износ од 21 илјада евра.

Службата за мобилни скенери, во кабина на камион што бил пријавен како празен, на влез во државата на граничниот премин Табановце, откри вкупно 105 парчиња облека и обувки, како и друга разновидна стока со вкупна вредност од 170 илјади денари.

Автомобилска опрема со вкупна вредност од над 100 илјади денари е откриена при контрола на камион со бугарски регистарски таблички управуван од македонски државјанин на влез во државата на граничен премин Табановце. Непријавените автоделови биле скриени во кутии поставени на креветот во кабината, како и во странични прегради на влекачот.