Муслиманите го слават Курбан-Бајрам

Муслиманите во целиот свет денеска го празнуваат Курбан Бајрам. Овој голем муслимански празник трае седум дена и се нарекува празник на жртвата, затоа што тогаш се принесува жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Исто така и ден кога побогатите им помагаат на оние кои се посиромашни.

На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – намаз, со која верниците бараат милост од Алах.

Празнувањето почнува од сабајле, рано претежно мажите одат во џамија на молитва, потоа се молиме, луѓето одат на гробишта, а потоа се доаѓа дома. Си честитаат Бајрам меѓусебно и јадат. После јадењето граѓаните одат на гости, и така целиот ден. После јадењето тие што имаат курбан го сечат на парчиња и месото го делат на сиромашните, бидејќи и зборот курбан значи да се даде храна оние луѓе кои немаат, изјави Мустафа Куртиши, жител на М.З. Јоско Илиевски

Кога станува збор за храната што домаќинките ја подготвуваат, симболот на Курбан Бајрам е баклавата.

-Курбан Бајрам има големи тежина кај муслиманите, се коле јагне- курбан за празникот и се дели месо на посиромашните граѓани, а потоа се оди на гости, Бајрам е празник кој ги помирува луѓето, трпезата секогаш е богата, баклавата е симбол на празникот, потоа се коле курбанот и потоа месото се дели на сиромашните луѓе и само мал дел се остава за домаќинот, изјави Фета Ајдини, жител на М.З. Јоско Илиевски

Курбан Бајрам секогаш се паѓа во ист ден според исламскиот календар, но според грегоријанскиот календар датумот е различен од година во година.

 

Коментари

коментар(и)