Навреме отворени сите гласачки места, проблеми само со терминалите

Навреме се отворени сите гласачки места во Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Проблеми засега не се евидентирани освен технички со терминалите за отпечаток на прст, но тие се надминуваат.

Кумановци кои што ги прашавме велат дека се задоволни од текот на гласање, подолго чекање нема.

До 09 часот според ДИК во Куманово излезноста изнесува 2.91 отсто.

Во најголемата општина во земјава, денеска право на глас имаат 93.986 граѓани на 167 избирачки места.