37 новозаболени граѓани на Куманово од коронавирусот

37 новозаболени кумановци од вкупно 413 нови случаи на ниво на државата во последните 24 часа, регистрира Министерството за здравство.

Во текот на изминатото деноноќие починале девет лица. Сите пријавени лица се починати во болнички услови, соопштија надлежните. Регистрирани сe 309 оздравени пациенти во државата, од нив од Куманово се 27.

Дополнително, согласно регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште четири починати лица, со датум на смрт од 06.10.2021 до 09.10.2021 година. Регистрирани се по едно починато лице од Куманово, Струмица, Кичево и Гостивар, на возраст од 57 до 84 години. Од пријавените две лица се починати во болнички услови, а две во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.336.229 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 196.376, бројот на оздравени пациенти е 182.782, на починати е 6.901, а на активни случаи изнесува 6.693.

Досега вкупно заболени од коронавирусот во Куманово се 11.816, а бројот на активни случаи изнесува 552.

 

Коментари

коментар(и)