Над две илјади санкционирани прекршоци во декември лани, соопшти СВР Куманово

На подрачјето на СВР Куманово во декември минатата година  сообраќајната полиција спроведе  зајакнати акциски контроли  при што се откриени и санкционирани  2.297 прекршоци.

Според СВР Куманово, изречени биле 1.196 мерки за санкционирање на возачи кои што управувале возила со брзина поголема од пропишаната, 105 управувале без возачка дозвола, 175 под дејство на алкохол, а биле одземени 9 возила за истечена регистрација повеќе од шест месеци и 44 возила поради тоа што не биле регистрирани.

Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај бележи дека со  „пајак-служба“ биле подигнати вкупно 467 непрописно паркирани возила.

Исто така, во декември на подрачјето СВР Куманово бил санкциониран возач, кај кого што при извршеното алкотестирање биле измерени 3.44 промили на алкохол во крвта, соопштија од СВР Куманово.