Сто и девет случаи на сезонски грип биле регистрирани во текот на изминатата недела на подрачјето на Центарот за јавно здравје Куманово.
Според Институтот за јавно здравје, во текот на 6-та недела од 2025 година (03-09.02.2025) пријавени се 2.880 случаи на групни пријави за заболени од грип и заболувања слични на грип, за 5,1% помалку во споредба со претходната недела.
Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 6-та недела од минатата сезона е зголемен за 53,6%.
Во однос на возрасната дистрибуција, 1.552 лица се на возраст од 15-64 години, 685 деца на возраст од 5-14 години, 371 случај на возраст од 0-4 години и 272 случаи регистрирани кај лица на возраст над 65 години.
Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.