Намалени резервите на крв на Трансфузиологија Куманово, недостиг нема
Намалени се резервите на крвните единици, но недостаток на крв нема, информираа денеска надлежните од Службата за трансфузиологија во Куманово.
Лекарите посочуваат дека во летниот период вообичаено се намалува бројот на помладите крводарители. Возраста на крводарителите се препорачува да биде од 18 до 65 години. Трипати годишно би требало да даруваат жените, а на три месеци мажите.
На Трансфузиологија во Куманово може да се дарува крв секој понеделник и четврток од 08.30 до 13 часот.