Наскоро ќе започне дигитализацијата на „Наш весник “

За околу еден месец ќе започне дигитализацијата на Наш весник, кој континуирано излегувал повеќе од четири децении, информираат надлежните од градската библиотека Тане Георгивски. Проектот е отпочнат уште минатата година  согласно Годишниот план за јавни набавки, а на крајот на 2017-та година била набавена и опрема за оваа намена, вели директорот Марјан Петковски.  

-Конкретно за дигитализација на Наш весник беа потрошени околу 700 евра за еден професионален скенер, бесконтактен кој нема да прави оштетување на самиот весник додека се дигитализира така што во наредниот период некаде за месец дена би требало да почне овој процес на дигитализација. Ние кубуриме со библиотечен кадар години наназад така што овој период очекуваме нови вработувања ,се надевам дека ќе има определено лице кое што ќе работи само на ова кој ќе биде еден подолготраен процес , пообемен , се работи за изданија, наш весник  како што знаете најдолго излегувал на нашите простори , периодично издание кое во континуитет има најмногу број на години излегувано на нашите простори, така што очекувам дека доколку се случат нови вработувања и самиот процес да се одвива побргу. Вака со постоечкиот кадар имаме проблеми од причина што и сега се надополнуваме на места каде што фалат вработени, изјави Марјан Петковски, директор на библиотека Тане Георгиевски

Библиотеката ги зачувано сите изданија на Наш весник кои се чуваат во галеријата на Тане Георгиевски, заедно со други периодични изданија. Дел од другите периодични изданија се расгодувани, а еден дел се складирани во зградата на поранеше комитет, посочуваат надлежните.

-Најмногу се користи за истражувачка дејност од областа на здравство и политика во минатото време, така што се надевам дека откако ќе го дигитализираме , ќе го прикачиме на нашиот веб сајт и ќе достапен за сите корисници , изјави Петковски.

По дигитализацијата на најстариот „Наш весник “ во Куманово, ќе  следува дигитализација и на други весници, не само на локални , туку и весници кои што излегувале на поранешните ју-простори.

Коментари

коментар(и)