Наставничка пријавена за физички напад врз ученик

Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека вчеравечер во 21.00 часот , 33- годишна жителка на липковското село Гошинце пријавила дека во основното училиште во кое што учел нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од наставничка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија надлежните.

Уште еден случај на физички напад во текот на вчерашниот ден бележи СВР Куманово. Триесет и осумгодишна кумановка вработена во Општа болница Куманово пријавила дека бил физички нападната од лицето С.С.

Од полицијата посочуваат дека се работи на расчистување на случајот.

Коментари

коментар(и)