Приведени двајца крадци

Полициски службеници од СВР Куманово вчера ги лишиле од слобода двајца кумановци на возраст од 26 и 28 години.
Тие се сомничат дека во јануари годинава одзеле повеќе предмети од приватен имот на улицата „Благоја Думановски“.

Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)