Најкорисен играч во Балканската лига е Ливингстон од Куманово

Бекот на Куманово, Отис Ливингстон е најкорисниот играч во Лигата на Балканот за изминатиот месец. Американецот имаше важна улога во тимскиот успех на „сино-белите“ што беше потврден со пласман во следниот круг од натпреварите во регионалната лига.

Откако му се придружи на нашиот претставник на почетокот на оваа година, тој одигра четири натпревари. Куманово доби три од нив, доволни за премин во следната фаза од натпреварите.

Неговата најдобра игра беше на гостувањето во Рожаје.

Коментари

коментар(и)