На неколку локации во градот има прекини во водоснабдувањето

Поради дефекти на водоводната мрежа, четири локации во Куманово денеска ќе бидат времено без вода.

Според Регионалниот центар за управување со кризи, без вода привремено ќе бидат: улицата „Цар Самоил“ бр. 22 – поради дефект на водоводна цевка и улица „Трајко Јовановски“ – поради приклучок на водоводна мрежа.

Дефект на водоводната мрежа има и во месноста викана Стари лозја, додека пак на улицата „Братство и Единство“ (Градски стадион) се врши изведба на водоводна шахта за монтажа на опрема за мониторинг на водоводна мрежа.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и во текот на денот се очекува стабилизирање со водоснабдувањето, информираат надлежните.

Коментари

коментар(и)