Кога советникот Миле Андоновски укажа на реалните потреби за вработувања во ЈП„Водовод“, што треба да бидат вон секаква партиска припадност, претседателката на Советот, Атина Мургашанска, му реплицираше дека за жал, имаме одлив на таканаречените високо стручни занаетчии од државата, но дека сепак и во ова наше јавно претпријатие се задоволуваат реалните, а не партиски потреби за вистинскиот кадар. Таа, исто така побара да ѝ се објасни терминот „партиски марадони“, што Стојковски го употреби компаративно за да ги објасни состојбите во „Водовод“ – Куманово.