Тримесечни извештаи за финансиското работење на јавните претпријатија, предлог-годишниот план за вработување во претпријатијата во 2025 година, но и предлог – одлука за давање согласност на предлог – годишниот план за вработување на седницата на Советот на општина Куманово што ќе се одржи на 27 август годинава. Советниците ќе имаат можност да дискутираат и за кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Куманово за II квартал од 2024 година, како и за предлог – одлуката за проширување на средствата на Буџетот на општина Куманово за годинава. Секако, пред почетокот на учебната година, на дневен ред ќе се најдат и годишните извештаи за работа на основните и средните училишта за минатата и новата учебна година.
Како прва точка на дневниот ред предвидено е надлежните од СВР Куманово да ја споделат информацијата за преземени мерки и активности од страна на полициска станица од општа надлежност Куманово во текот на првото полугодие од 2024 година, а засегнатите граѓани на Куманово преку директен пренос на седницат на Телевизија Плус ќе имаат можност да ја слушнат и информацијата во врска со проблемот со гробиштата во населбата Карпош.