Вработување на негуватели, медицински сестри и административни службеници е она што е најнеопходно за подобрување на условите и услугата на Домот за стари лица „Зафир Сајто“, посочуваат надлежните.
„Сите останати детектирани недостатоци можат да се решат во рок од два месеца“, истакна директорот Александар Крстевски.