Домот за стари лица „Зафир Сајто“ веќе неколку години се соочува со недостиг на персонал, пред се негувателки, медицински сестри и стручни лица. И покрај тоа што институцијата во време на ковид кризата доби согласности за неколку нови вработувања, сепак бројката на потребниот кадар кој директно е вклучен во работата со корисниците е многу поголема, посочува директорот Дејан Стојановски.
Инаку, „Зафир Сајто“ е првата институција во Куманово која започна да се загрева на гас уште во 2011 година. Природниот гас нуди евтино и еколошко греење, а јавното претпријатие „Куманово гас“ континуирано вложува во инфраструктурата за негово дистрибуирање до установите, компаниите, станбените објекти, домовите.