Независниот кандидат за градоначалник на Општина Куманово Горан Стојковски – Диро вечерва ќе ја промовира програмата „Ред за Куманово“, во Младинскиот културен центар (поранешно кино „Козјак“) со почеток во 19 часот. Станува збор за настан кој има за цел да ги претстави приоритетите, визијата и планот за развој на нашиот град во наредниот период.
„На промоцијата се поканети авторите на програмата, претставници од локалната заедница, граѓански организации, претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и медиуми. По официјалниот дел ќе следи можност за прашања и изјави за медиумите“, информира тимот на „Ред за Куманово“.