Во текот на вчерашниот ден биле евидентирани три пожари на територијата на Општина Куманово.
Според билтенот од Регионалниот центар за управување со кризи, пожарникарите во текот на вчерашниот ден имале две интервенции во населбата Бедиње каде што бил опожарен расадник, пластеник и садници, а во населбата Перо Чичо гаснеле опожарена сува трева во близина на депонијата.
Надлежните апелираат до граѓаните да внимаваат при движење во средини со суви треви и грмушки, а воедно и да ги пријавуваат сите сомнителни случаи на 192.
Инаку, во атарот на селото Руѓинце на територијата на Општина Старо Нагоричане изгорело жито на површина од околу 500 квадратни метри, откако претходно била опожарена сува трева.