Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатото деноноќие бележи неколку интервенции.
Според билтенот на Регионалниот центар за управување со кризи, пожарникарите гаснеле три контејнери и напуштена гаража покрај пругата во местото викано Бавчи, опожарен контејнер во село Горно Којнаре и опожарено ѓубре во село Романовце.