Општина Куманово го објави новиот возен ред во јавниот превоз.
„Се известуваат граѓаните на Куманово за промените во возниот ред за општинските линии на јавен превоз. По барање на граѓаните воведени се дополнителни термини на линија бр.3, линија бр.5, линија бр.8, линија бр.9 и линија бр.19“, објави Општина Куманово.