Екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатото деноноќие гаснеле неколку пожари на подрачјето на општина Липково, односно во селата Оризаре, Опае, Слупчане и Белановце, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи. Пожарникарите интервенирале и во селата Бељаковце, Пчиња, Ругинце, Долно Којнаре, Табановце, но и на улицата „Димитар Влахов“, каде што бил опожарен оџак на семеен дом.
Екипи на ТППЕ Старо Нагоричане во текот на вчерашниот ден гаснеле опожарен напуштен објект, дрва и сува трева во селото Ругинце, а пожарот се проширил и кон селото Бељаковце. Освен пожарникарите од Старо Нагоричане, интервенирале и кумановските пожарникари со една екипа, како и месното население.
Пожарот е ликвидиран, информираa утрово надлежните од Регионалниот центар за управување со кризи.