Нема новозаболени кумановци, 18 нови случаи во државата

18 нови случаи на заразени со коронавирус се регистрирани изминатото деноноќие, информира министерството за здравство. Најмногу новозаразени има во Тетово – 8, потоа Скопје – 4, Гостивар и Охрид по 2,  Радовиш и Дебар по 1.

Оздравени се 5 пациенти, а починати нема. Бројот на активни случаи во државата изнесува 236. Во Куманово има 11 активни случаи на ковид-19.

 

Коментари

коментар(и)