Нови победи на кошаркарите и кошаркарките

Тотална доминација покажаа машката и женската екипа на Куманово кои се натпреваруваат во првите кошкаркарски лиги откако вчера остварија победи врз своите противници.

Машката екипа на гостински терен го совлада Црн Дрим од Струга, а женската со резултат 61:47 го совлада тимот на Пантери од Скопје.

Во машката Прва лига, на стружани не им помогнаа ниту тројцата нови играчи за да ја прекинат серијата на порази. Кумановци, од друга страна, со овие два бода го потврдија својот пласман во доигрувањето за шампионската титула.

Клучните два поени беа дело на Ливингстон. На девет секунди пред крајот, американскиот бек погоди за недостижни (83:79) и пласман на Куманово 2009 во плеј-офот.

По 20. одиграни средби имаат скор (11-9) и во последните два меча може да го „набилдаат“ овој скор, и да обезбедат подобро место на табелата во пресрет на плеј-оф натпреварите.

Коментари

коментар(и)